Субвенциите за земјоделците годинава се поголеми за 12 проценти од лани. Повисока е поддршката за извозно ориентираните сектори во сточарството и во градинарството. а најголем дел, 3,5 милијарди денари, се издвоени за растителното производство, додека 2,3 милијарди се за сточарството. Според Програмата, дополнителни субвенции има за зачувани женски грла добиток, а во градинарството, овоштарството и преработувачката индустрија се прави категоризација во производството и во извозот. Се воведуваат и субвенции од два денара за килограм предадено овошје во индустриските капацитети. Поголема поддршка е проектирана и за употреба на сертифицирано семе и саден материјал, за производство на добиточна храна и на пченка. За хектар житни култури се обезбедени 9.000 денари или шест отсто повеќе од лани, дополнителни 1.000 денари има за хектар добиточна храна или пченка и плус 3.000 денари за сончоглед и ориз.
Субвенциите за земјоделците годинава се поголеми за 12 проценти од лани.
Повисока е поддршката за извозно ориентираните сектори во сточарството и во градинарството. а најголем дел, 3,5 милијарди денари, се издвоени за растителното производство, додека 2,3 милијарди се за сточарството.
Според Програмата, дополнителни субвенции има за зачувани женски грла добиток, а во градинарството, овоштарството и преработувачката индустрија се прави категоризација во производството и во извозот. Се воведуваат и субвенции од два денара за килограм предадено овошје во индустриските капацитети.
Поголема поддршка е проектирана и за употреба на сертифицирано семе и саден материјал, за производство на добиточна храна и на пченка. За хектар житни култури се обезбедени 9.000 денари или шест отсто повеќе од лани, дополнителни 1.000 денари има за хектар добиточна храна или пченка и плус 3.000 денари за сончоглед и ориз.
Предвидени се и 50 проценти повеќе за домати и краставици и 15 отсто за пиперки и компири. За 12 отсто е зголемена поддршката во лозарството и во овоштарството за одржување на насадите, а за 17 проценти е поголемо субвенционирањето на сертифицирано семе за житни и индустриски култури.
За четири проценти се зголемуваат и субвенциите за обележани глави говеда, а за женски се воведуваат дополнителни 1.500 денари. Дополнителни 2.000 денари ќе има и за заклано говедо одгледано од октомври 2011 до крајот на април 2012. За пет отсто се зголемува поддршката за обележани овци, за шест отсто е поголема и поддршката за обележани кози. Поголема е поддршката и во свињарството, во производство на пилешко месо и заклани несилки.